Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот “Национален рурален парламент како глас на руралното  население” го спроведуваат проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот на 28.09.2018 година ќе се спроведе обука за Доживотно учење во контекст на рурален развој (наменета за земјоделци, претставници од ГО, бизнис сектор и јавни институции) со цел подобра соработка меѓу ГО, јавни институции, бизнис сектор и локално население за нивно зголемено влијание на процесот на локално одлучување во областа рурален развој.

За таа цел се распишува повик со Реф. Бр 01-15/02 за Модератор за обука за Доживотно учење во контекст на рурален развој.

Модераторот треба да:

  • Има познавање на темата за Иновативни начини за подобрување на земјоделското производство, Користење на ИКТ за подобрување на земјоделското производство (пазар, пласман, конкурентност, вмрежување), Рурален развој преку соработка меѓу: ГО, јавни институции, бизнис сектор и земјоделци. (Можности и начини на соработка).
  • Внимава и да ја уредува обуката;
  • Да води сметка за почитување на привремени прописи на говори, презентација на следниот говорник, дискусија по извештајот, сумирање на резултатите од дискусијата, помош во формулирањето на заклучоците до известувачот (во случај на неговите потешкотии) и сл.

Врз основа на потпишан договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Модераторот по завршувањето на обуката.

Сите заинтересирани треба да ги испратат следните документи:

  • Стручна биографиjа
  • Референта листа од претходно работно искуство како Модератор.

Потребната документација треба да се испрати најдоцна до 14.09.2018 година до 16.00 часот на следниот маил mduproekt@gmail.com со назнака за Реф. Бр 01-15/02.

За повеќе информации за повикот Ве молиме да не контактирате на 079 226 322 –Елизабета.

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 17.09.2018 година.

 

Со почит,

Елизабета Кочовска