Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце  во партнерство со Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово , во рамките на Програмата за мали грантови на проектот “Национален рурален парламент како глас на руралното  население” започнаа со имплементација на проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот, на 28 Септември 2018 г. во ресторан Нов Жеден, Јегуновце со почеток во 10:00 часот, ќе се спроведе Обука 2 – Доживотно учење во контекст на рурален развој, наменета за земјоделци, претставници од ГО, бизнис сектор и јавни институции.

 Во рамките на обуката ќе бидат обработени следните теми:

  • Иновативни начини за подобрување на земјоделското производсто
  • Користење на ИКТ за подобрување на земјоделското производство (пазар, пласман, конкурентност, вмрежување)
  • Рурален развој преку соработка меѓу: ГО, јавни институции, бизнис сектор и земјоделци. (Можности и начини на соработка)

Сите заинтересирани лица можат да аплицираат на формата подолу.

Доколку ви се потребни дополнителни информации, може да не контактирате на е-маил адреса: mduproekt@gmail.com или на следниот тел.број 079 226 322, најдоцна до 24.09.2018 до 12:00 часот. Лице за контакт Елизабета Кочовска.

Агендата за обуката можете да ја најдете тука: ПРЕВЗЕМИ АГЕНДА

Елизабета Кочовска
ЛАГ Скардус

ФОРМА ЗА РЕГИСТРАЦИЈА