Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот “Национален рурален парламент како глас на руралното  население” започнаа со имплементација на проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот, на 21 и 22 Август 2018 г. во хотелот Холидеј М -Охрид ќе се спроведе дводневна обука намената за земјоделци, претставници од ГО, бизнис сектор и јавни институции.

 Во рамките на Обуката ќе бидат обработени следните теми:

  • Застапување и лобирање, граѓански дијалог во развојот на јавни политики за рурален развој
  • Можности за искористување на финансиска подршка ИПАРД/ ЛИДЕР
  • Можности и придобивки од земјоделско здружување и партнерства (задруги, ЛАГ-ови)
  • Споделување на добри практики
  • Вмрежување

Сите заинтересирани лица можат да аплицираат со пополнување на формата за регистрирање подолу.

Патните трошоци се на товар на учесниците.

Доколку ви се потребни дополнителни информации, може да не контактирате на е-маил адреса: mduproekt@gmail.com или на следниот тел.број 076 710 073 – Благородна Бишкоска.


Форма за регистрација: