Повик за понуди
До Угостителски објекти за реализирање на Тематски форум во општините Јегуновце, Теарце и Тетово
Локална Акциона Група Скардус во рамките на своите програмски активности и во соработка со Општина Јегуновце го спроведува проектот “Градење на функционално партнерство меѓу локални институции, бизнис сектор и НВО“. Проектот е финансиран од ЕВРОТИНК – Скопје во рамките на вториот повик на“ИПА 2 механизам за граѓански организации – IPA2CSO“ проектот. Целта на проектната апликација е да се изгради функционално партнерство меѓу локални институции, бизнис сектор и НВО со цел да се подобри економската состојба на територијата на која делува ЛАГ Скардус.
Во рамките на проектот “Градење на функционално партнерство меѓу локални институции, бизнис сектор и НВО“ на 20.06.2018 г. ќе се реализира ТЕМАТСКИ ФОРУМ.
За таа цел се распишува повик со Реф. Бр. 0308-232/8за Угостителски објекти во општините Јегуновце, Теарце и
Тетово за реализирање на Тематски форум. Понудата од угостителскиот објект треба да биде составена во следниот формат со потпис и печат
РРед.
ББр. НNo. |
Опис на производ/ услуга
Description of the product/ service |
Количина
Quantity |
Единечна цена без ДДВ
Unit price without VAT |
Вкупна цена без ДДВ
Total price without VAT |
1 | Освежување (филтер кафе, наливна вода, и др) , по лице, за вкупно 50 лица | |||
2 | Просторија за реализирање на Тематски форум | |||
3 | На барање на организаторот да се обезбеди дополнителна издвоена просторија од најмалку 50 m2 |
- Ексклузивно и достапно само за потребите за Тематскиот форум.
- Достапна работна површина од 80 m2, за 50 лица
- На барање на организаторот да се обезбеди дополнителна издвоена просторија од најмалку 50 m2.
- Угостителскиот објект треба да има добри услови за реализација на работилници (добро осветлување, добра акустика).
- Понудите треба да бидат назначени со издвоено ДДВ.
- Цените во понудата треба да бидат изразени во денари.
- Во понудите треба да бидат потполнети сите полиња, во спротивно понудата нема да биде прифатена.
Понудата треба да се достави со следната придружна документација:
- Понуда со цени за услуги (образец во прилог) со потпис и печат
- Tековна состојба на добавувачот, не постара од една година.
Доставените понуди треба да се со валидност од 3 месеци.
Врз основа на потпишан договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на угостителскиот објект по завршувањето на Тематскиот форум. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата.
Потребната документација треба да се испрати најдоцна до 01.06.2018 година до 16.00 часот на следната адреса Ул. 101 Бр. 05, Јегуновце или на маил lag.skardus@gmail.com со назнака за “Повик Реф. Бр. 0308-232/8.
Задолжително да се пополни табелата во прилог и истата да биде со потпис и печат:
Ugostitelski objekti ponuda.docx
За повеќе информации слободно контактирајте не на 078 279 067, лице за контакт Дубравка Ѓилас.
Со почит,
Дубравка Ѓилас
Проектен координатор