Градење на функционално партнерство меѓу локални институции, бизнис сектор и НВО
Соларна сушара
Во Македонија се повеќе се користи сончевата енергија за сушење овошје,зеленчук, лековити и ароматични билки во соларни сушари.
Полошкиот регион, вклучувајќи ги и општините на кои делува ЛАГ Скардус, располага со голем број на природни ресурси и истите не се доволно искористени во исхраната на населението, така да се налага потребата од преработувачки капацитет кој ја користи сончевата енергија за преработка на овошје, зеленчук, лековити билки и шумски плодови.
Целта на проектната идеја е одржливо и корисно управување со природните ресурси преку користење на сончевата енергија.
Конкретната цел на проектната идеја е користење на сончевата енергија во производство на безбедна и здрава храна.
Соларната сушара е со капацитет од 120кг. и е лоцирана во Јегуновце.Намената на соларната сушара е да ги поттикне луѓето да развијат идеи за сопствени идни бизниси кои би ја вклучиле примената на истата.
За сушарата се грижат членовите на Здружението Лаг Скардус, со тоа што истите ја користат за сушење на овошки, градинарски култури, како и лековити билки и шумско овошје. Исто така сушарата ја користат и други заинтересирани лица од соседните општини.
За процесот на сушење се обучени 15 лица, членови на Здружението, кои го вршат надгледувањето на сушењето.
Обновлива енергија - Еколошки производ
Поради глобалните еко промени во светот, се повеќе се размислува и практикува искористувањето на обновливи извори на енергија во индустријата, производството, преработката и за секојдневните потреби на жителите на планетата Земја.
Полошкиот регион, вклучувајќи ги и општините на кои делува ЛАГ Скардус, располага со голем број на природни саморастечки шумски плодови и билки, како и градинарски и овошни производи кои сеуште во исхраната се користат свежи, што го ограничува периодот на нивното користење, или припремени на традиционален начин кој не е со сигурност безбеден и бара дополнителни трошоци за сушење или конзервирање.
За да се подобри ваквата ситуација се налага потребата од афирмација на преработувачки капацитети кои ќе ја користат сончевата енергија за преработка на овошје, зеленчук, лековити билки и шумски плодови и едукација на населението за начинот и предностите на ваквиот начин на спремање на производите кои би биле чисти во смисол на механичко загадување, стручно исушени без опасност од појава на габи поради недоволната дехидратација и заштеда на енергетски ресурси и финансии.
Во рамките на веќе реализираниот проект, Соларна Сушара, ЛАГ Скардус обезбеди соларна сушара со капацитет од 120кг, но за нејзина понатамошна употреба потребнa е додатна опрема која би овозможила поефикасно и практично искористување на сушарата и која се набави во рамките на овој проект.
Силни граѓански организации за позитивни социјални промени
Во Рамките на проектот “Јаки граѓански организации за позитивни социјални промени“, ЛАГ Скардус учествување во процесот на менторство на ГО. Во процесот на менторство, кој траеше 1 месец, ЛАГ Скардус ги
- Работни средби за подготовка на барани документи
- Изработен извештај за организациска самопроценка
- SWOT анализа
- Матрица за самопроценка на организацијата
- Алатка за животен век на организацијата
- Матрица за развојни приоритети
- План за градење капацитети според развојни приоритети
Градење на функционално партнерство меѓу локални институции, бизнис сектор и НВО
Поаѓајќи од моменталната ситуација, околината во која граѓаните од руралните области функционираат е неповолна и не постојат соодветни политики на локално ниво кои би го поттикнале руралниот и економскиот развој. Еден од приоритетите на оваа акција е да поттикне развој на мерки кои соодветствуваат со потребите на локалните институции, бизнис секторот и НВО. Првенствено преку спроведување на анализа која како резултат би дала конкретен увид во секторот и би ги детектирале проблемите и причините за нивно создавање. Потоа, преку препораки кои би се доставиле до локалните институции, бизнис секторот и НВО со цел да се поттикне соработката меѓу конституентите.
Од друга страна, како проблем се јавува и неискористеноста на фондовите кои се достапни за поддршка на иницијативи кои понатака би придонеле кон развојот на територијата на која делува ЛАГ Скардус. Тоа се случува поради неколку причини: недоволен капацитет на засегнатите страни и останатите чинители во заедницата за развој на апликации, недоволен финансиски капацитет на засегнатите страни за обезбедување на кофинансирање, непостоење на здружени форми меѓу засегнатите страни, непостоење на база на податоци. Оттука произлегува и еден од приоритетите на овој предлог проект, а тоа е зајакнување на капацитетите на целната група во однос на нивните потреби кои ќе произлезат од анализата за моменталните состојби која ќе биде подготвена во рамките на проектот.
Проектот “Градење на функционално партнерствомеѓу локални институции, бизнис сектор и НВО“ се спроведува во соработка со општина Јегуновце и е финансиран од ЕВРОТИНК- Скопје во рамките на проектот “ИПА 2 механизам за граѓански организации – IPA2CSO“
Цел на проектот: Изградба на функционални партнерства меѓу локалните институции, бизнис секторот и НВО со цел да се подобри економската состојба на територијата на која делува ЛАГ Скардус. Преку анализа на моменталните состојби,организација на форум, спроведување на работилници и подршка за градење на капацитети на засегнатите страни ќе се потикне процесот за соработка меѓу бизнис секторот, невладиниот сектор и локалните институции.
Краткорочни цели се:
- Зајакнати капацитети и знаења на 80 лица
- Создадена онлајн база за подобра соработка меѓу засегнатите страни
- Зголемена соработка меѓу засегнатите страни