Состанокот се одржa во рамките на проектот финансиран од Европската Унија – „Регионална соработка и вмрежување во полето на земјоделството, руралниот и економскиот развој во прекуграничните региони”, имплементиран од Постојаната работна група за регионален рурален развој во југоисточна Европа – SWG.

Проектот се стреми да придонесе кон избалансиран социоекономски развој на руралните области во насочените прекугранични региони на Западен Балкан, преку ефикасна регионална прекугранична соработка и зајакнување на регионалните капацитети за економска диверзификација во руралните средини.