LEADER мерка на ИПАРД програмата ни овозможува да форимираме ЛАГ кој ќе претставува јаз помеѓу сегашната состојба на општините и визијата за рурален развој .Овој ЛАГ се оформува како заедничка група на заинтересирани страни од Општина Јегуновце и Општина Теарце со цел преку проекти да се задоволат потребите на населението,државните институции,невладините организации,граѓанските здруженија,бизнис секторот и други членови кои се дел од овие општини. Да се напредува во сите стопански сектори ,да се искористат сите природни ресурси и да се подобри инфраструктурата се наши стратешки цели.
Хармонична и развиена заедница на среќни и задоволни граѓани со мултикултурни и традиционални вредности.
Подобрување на економска и социјална благосостојба преку иновативен пристап и градење партнерства помеѓу заинтересирани страни и промоција и зачувување на мултикултурни и традиционални богатства.