Здружението за унапредување и развој на образованието на возрасни Мрежа за доживотно учење – МДУ Тетово во партнерство со Локалната Акциона Група ЛАГ Скардус – Јегуновце, во рамките на Програмата за мали грантови на проектот “Национален рурален парламент како глас на руралното  население” го спроведуваат проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

Во рамките на проектот како последна активност ќе се реализира Завршна конференција на 30.10.2018 на која ќе бидат пренесени знаења и искуства стекнати во рамките на проектот: ќе се претстават резултатите од истражувањето спроведено во рамките на овој проект, како и можностите за вмрежување, ќе се поделат искуствата од двете претходно реализирани обуки и ќе се изнесат препораки, заклучоци како и мерки за одржливост на проектот.

Со цел успешна реализација на завршната конференција се распишува повик со Реф. Бр 01/11 за:

  • Изнајмување на конференциска опрема потребна за озвучување на завршната конференција на проектот “Доживотно учење за Рурален развој”.

НАПОМЕНА: Вкупната цена за изнајмување на опрема потребна за озвучување да биде изразена во МКД без ДДВ, бидејќи проектот е ослободен од плаќање на ДДВ, со потврда од Секретаријатот за Европски прашања и УЈП.

Врз основа на потпишаниот договор, средствата ќе бидат исплатени на сметка на Понудувачот на конференциска опрема по завршувањето на завршната конференција. Врз основа на договорот, аванс нема да биде предвиден за исплата.

Понудата да се достави најдоцна до 22.10.2018 година до 16.00 часот на следниот маил mduproekt@gmail.com. со назнака за “Повик Реф. Бр 01/11 “.

Избраниот кандидат ќе биде контактиран до 24.10.2018 година.

 

 

Со почит,

Благородна Бишкоска

Проектен координатор